ФОТО:Туристички автобуси во центар, застои во сообраќајот

Туристички автобуси „крстарат“ низ центарот на Охрид.

Изминува јули-месецот што носи најголем број туристи во Охрид а туристичките автобуси и понатаму возат низ централното градско подрачје, слегуваат туристи каде ќе стигнат и прават дополнителни застои во, ионака згуснатиот сообраќај во градот.Иако наголемо се најавуваше, сепак не се стави ред во движењето на автобусите и не профункционираа најавуваните туристички привремени постојки.„Врие“ од возила по тесното грло булеварот „Македонски просветители“ и „Партизанска“ каде, забележавме туристички автобус што на среде улица си застана а патници почнаа да се симнуваат. Тоа предизвика колони коли и нервози кај возачите.Да се надеваме дека догодина ќе биде подобро.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани