Ниската еколошка свест, едноставно нема крај. Несовесни граѓани фрлаат отпад во природа и го палат, потоа пожарникарите интервенираат.
Последниот настан е во село Оровник Дебарца. Фрлиле отпад го запалиле, а огнот почнал неконтролирано да се шири во природата. Навремената интервенција на пожарникарите спречи поголема штета и проширување на пламените.



