Фудбалскиот стадион „Билјанини извори” добива нова модерна западна трибина

Фудбалскиот стадион “Билјанини извори”  Охрид добива  нова модерна западна трибина.
Денес на средбата што ја остварив со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, членот на управниот одбор на ФФМ, Тони Иваноски и претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз, Цане Милошоски, ми беа предадени проектите за изградба на новата западна трибина. Како Локална самоуправа се обврзавме со средства од нашиот буџет да ги изградиме двете трибини зад головите и да поставивме ново современо осветлување на стадионот. Вкупните финансии кои што ќе ги издвои Општина Охрид за оваа намена ќе бидат околу 2 000 000 евра.Со ова фудбалскиот стадион ќе се трансформира во модерен спортски објект подготвен за одржување на меѓународни натпревари, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Самото тоа Охрид ќе го позиционира високо во меѓународната спортска јавност.
Новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и дополнителни простории, вклучувајќи 8 скај-боксови за ВИП зони.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани