Градоначалникот на општина Струга Рамис Мерко апелира од денес 11.04 2022 година (понеделник) сите вработени во образованието да се појават на своите работни места како во училиштата така и во градинките и процесот на учење да продолжи.
-„Наставниците треба да го почитуваат работното време, кое плаќа 40 часа неделно, вкупно 8 часа дневно. Сите директори на училиштата и градинките треба да обезбедат соодветен простор за протест, бидејќи е легитимно и демократско право на сите, под услов да не го нарушува правото децата кои не треба да бидат жртви на дневната политика“, апелира Мерко.
За денеска е најавен генерален штрајк на вработените во образованието, науката и културата.
Тие бараат исплата на минималната плата според законот и усогласување на останатите плати со минималната. Од Владата се согласни дека треба да има зголемување на платите, но сметаат дека тоа не треба да се направи наеднаш затоа што може да предизвика инфлација.
Според синдикатите, барањата се реални и неопходни, а незадоволството кај членството е се поголемо. „Бараме линеарно зголемување на сите плати до 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон и потоа корекција на платите на сите вработени кои треба да добијат над минималната плата. Редно е Владата да најде средства и да ги зголеми еднаш за секогаш платите во администрацијата, изјави во минатата недела претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деановски.