Генералка викенд во Охрид

Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ се приклучуваат кон големата aкција за чистење „Генералка Викенд“ која ќе се одржи утре, на 17.05.2024 година (петок) со почеток во 9 часот.
Оваа еколошка акција е во организација на компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.
Според планираното, во Охрид ќе се чистат плажите од хотел „Метропол“ до камп „Елешец“, „Горица“, „Св.Стефан“ и село Пештани. Во акцијата ќе земат учество и „Шпаркасе Банка“ и „Kостал Македонија“ Дооел. Основните училишта од Охрид и градинката ќе учествуваат со чистење на своите дворни места.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.
Оваа година во акцијата „Генералка Викенд“ ќе се чисти во сите општини и на околу 300 локации. Во акцијата се очекува да учестуваат повеќе од 16.000 волонтери, над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и повеќе од 300 образовни институции.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани