Годишна даночна пријава за последен пат

Граѓаните годинава за  последен пат ќе поднесуваат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи за остварени дополнителни приходи во текот на претходната година.

Според измените на Законот за персонален данок на доход, кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, од следната година, ќе добиваат пополнета годишна даночна пријава што ќе ја издава Управата за јавни приходи, а даночниот обврзник само ќе ја потврдува.

За приходите остварени во 2017 година даночните обврзници може да поднесат годишна даночна пријава до 15 март оваа година. ГДП може да се достави на шалтерите на УЈП, електронски или по пошта. Граѓаните имаат обврска да пријават доколку оствариле приходи од издавање под закуп на станбен објект или хонорар по основ на авторски договор, за остварена добивка од наградна игра над 5.000 денари, дивиденди…. Даночниот обврзник не поднесува годишна даночна пријава доколку остварува приход само од плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.

Во последните години годишна даночна пријава поднесуваат над 400.000 граѓани. Во 2017 година, за 2016 година пријавиле дополнителни приходи 439.689 граѓани кои доброволно пријавиле 173.592.004.847 годишни бруто приходи и 10.133.228.081 персонален данок на доход.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани