Годишнина од смртта на бранителот Благојче Крстаноски

По повод годишнината од смртта на бранителот и професионален војник на АРМ, Благојче Крстаноски, делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележјето во село Ливоишта.

 

Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.

Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани