Со голем концерт на Антички театар, познатиот македонски пејач , охриѓанецот Ѓоко Танески ќе одбележи 30 години музичка кариера. Поддршка ќе му биде камерниот оркестар од Битола, а гости Драган Мијалкоски и Николче Мицески.
Музичката кариера ја започнал во 1994 година во Кавадарци, кога почнал да пее со групата Алрго бенд, а две години подоцна го имал првиот настап на Макфест.
-„Точно пред 30 години учев средно училиште во Кавадарци, тогаш не ни знаев дека можеби ќе пеам во животот, уствари не ни знаев дека знам да пеам. На седенки пријателите ми кажуваа дека умеам да пеам, и така се псоветив на тоа токму од 1994 година. Тогаш почнавме со бендот Алерго бенд јас, Столе и Џовани да свириме по локалите низ Кавадарци и така почна цела приказна која трае до ден денес“, вели Танески во изјава за МРТ.
На концертот публиката ќе ужива во песните на Танески но ќе бидат отпеани и неколку староградски охридски песни.
– „За разлика од моите свирки на концертот ќе се пеат исклучиво мои песни, освен тоа ќе отпеам две или три староградски охридски песни, така што ќе биде интересно се надевам дека ќе биде полно ќе има доста публика. Убав е периодот исто и се надевам дека во сабота нема да врне ќе видиме“, вели Гоко Танески.
После концертот во Охрид, панот е да направи турнеја со повеќе концерти низ земјава.
-„Идни планови треба да се заокружи мојот трет албум, кој го работиме со Николче Мицески. Имаме четири песни треба да доснимиме уште неколку, се надевам дека концертот од Охрид ќе го направам и во другите градови низ земјава“, вели Танески.
Низ овие три децении во 2000 година се закитил со Гранд При на Охридски трубадури, најслушана песна на Макфест во 2006 година , второ место на Макфест, награди за најдобра интерпретација и други признанија. Најголемата награда, вели е аплаузот од бројната публика.
На прашањето дали повторно би ја избрал истата кариера, Ѓоко вели „Сигурно, јас не знам друго освен да пеам“.
Концертот ќе се одржи утре 20 јули на Античкиот театар.
Новинар Соња Рилковска
