Отстранета бесправно поставената спомен плоча на општинската зграда во Струга

Благодарение на правниот систем кој почнува да се буди од кома, стружани ја почувствуваа првата придобивка. Отстранета  е бесправно поставената спомен-плоча, со спорна содржина, од влезот на новата општинска зграда.

Владеење на правото е насушна потреба на секој еден граѓанин на Република Македонија. Неговото отсуство е причината за белата чума, нискиот животен стандард, одливот на мозоци, т.е. исселувањето како феномен. Сето тоа негативно се отсликува во здравството, образованието, стопанството и оддава впечаток дека ние сме светлосни години зад современите европски текови.
ВМРО-ДПМНЕ уште на локалните избори вети дека доколку ја добие довербата на народот жестоко и одлучно ќе се соочи со секој еден што ќе се дрзне да дејствува спроти правото и законите. По убедливата победа на парламентарните избори народот е во исчекување да види дела, да види дека законите важат подеднакво за сите и дека никој не може и не смее да биде над нив.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, во Општина Струга, дури и од опозиција успеваат да се изборат во своите заложби да се зачува унитарноста на државата, да се почитуваат историските вредностите со кои не задолжиле нашите претци, да се почитуваат различностите и во тој дух да ја проектираме заедничката иднина, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани