Полицијата апелира да се носат заштитни маски.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 74 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-32, Струга-18, Кичево-21, Дебар-03.
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 18 контроли врз угостителски и други објекти“, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Портпаролот упати апел до граѓаните за целосно почитување на законската одредба за носење заштитни маски со цел поголема заштита од коронавирусот.
