Питачењето сериозен проблем во туристички Охрид и Струга. Најчесто на улица се сретнуваат деца од ромска националност на возраст од 7 до 14 години.
Голи, боси и изгладнети просат пари од минувачите.
Од граѓанските здруженија велат дека станува збор за организирано питачење. Во текот на летниот период се носат сиромашни деца од друг градови, кои се отавени на милоста на граѓаните.
-„ Може да се забележи дека тие организирано се доведуваат тука со цел да питачат.. Голем дел од нив се малолетни лица. И еве ќе упатиме апел до надлежните да се справат со овој проблем бдејки голем дел се малолетни лица кои треба да бидат згрижени од страна на социјалните служби“, вели Глигор Ќатоски од граѓанско здружение Струга.
Полицијата ова лето реализира педесеттина акции за отстранување на питачите од улица во двата градови.
-„Ние работиме и на решавање на овој проблем. Сите активности ги преземаме со законот за прекршоци И на лицата кои се затекнати на лице место при просење им поднесуваме прекршочни пријави. Во изминатиот период како служба во Охрид сме реализирале вкупно 18 вакви актиности, додека во сеседна вкупно Струга 29“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Најчесто лицата што питачат на брегот на Охридското езеро се од други градови, Битола, Прилеп, Скопје, Неготино и Кавадарци. Оние кои се затекнати на лице место се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење. Законот за прекршоци предвидел и казни за питачење од 15 до 30 евра во денарска противредност.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ