Денеска прoгласување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

На посебна прес конференција, денеска во струшкиот хотел „Дрим“, свечено ќе биде прогласен годинешниот добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на 56-те Струшки вечери на поезијата.

Во рамките на поетскиот фестивал, денеска се предвидени меѓународното поетско читање „Матине и музичко – поетскиот перформанс „Ноќ без интерпункција“. Поетските читања се предвидени во предворје на манастирската црква „Св. Богородица“ во Калишта додека музичко – поетскиот перформанс „Ноќ без интерпункција“ на алтернативната сцена на истек на реката Црн Дрим кај хотелот „Галеб“. Денешната фестивалска програма на поетите од целиот свет им го нуди традиционалното „Поетско кафе“ со презентација на поетски фестивали, концепти и програма за професионални посетители, Поетски портрети
што ќе се одржат на алтернативна сцена – истек на реката Црн Дрим (Галеб) и посета на пештерските цркви кај Калишта. Вечерва, како дел од проектот „Поезија на пат“ ќе се посетат Културниот центар во Битола и Куќата на Уранија во Охрид.56-те Струшки вечери на поезијата свечено беа отворени пред Домот на поезијата во Струга со традиционалното меѓународно поетско читање „Меридијани“.Фестивалот содржи 47 настани на разни локации во Струга и во уште четири града (Охрид, Скопје, Битола и Ресен).

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани