Градоначалникот Пецаков оствари средба со претставници на „Конрад- Аденауер”

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со официјалниот претставник на германската фондација „Конрад- Аденауер”, Даниел Браун и проект менаџерот во Македонија, Давор Пашоски.

 

Целта на средбата беше запознавање на германската делегација со тековните и планирани проекти на локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува.

Заеднички беше заклучено дека средбата ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Охрид и Фондацијата „Конрад Аденауер“ преку заеднички активности кои ги промовираат демократските вредности, зaедништво и солидарност со цел градење на уште поубав и поразвиен град.

Social profiles