Граѓаните велат не забележуваат намалување на цените со есенската кошница

Од вчера стапи на сила  акциската кошница,  треба да бидат намалени 73 основни прехрамбени производи зеленчук и овошје. На охридксиот пазар  не многу  радвижено. Граѓаните велат не забележаа намалување на цените. За нив зеленчукот и овошјето се скапи, велат повеќето годинава  избегнуваат подготовка на зимница.

Не веруваат дека со овие мерки ќе им се намалат трошоците за храна и дека ќе им ја подобрат куповната моќ.

-Јас лично не верувам затоа што секоја цена со искуство наназад години не се вратила на старата цена никогаш не ги вратиле.

-Очекуваме очекуваме да. Ќе правите ли зимница јас направив вчера , ви дојде ли скапо дојде дојде вистински дојде скапо.

-За скапо скапо е, но колку што имаме финансии ќе направиме.

-За намалување не ми се верува. Скапо е.

-Се надеваме дека ке намалат и дека ке биде нешто.

-За цените дека ќе се намалуваат чисто се сомневам баш. Затоа што пазарот и цените се движат спрема потрошувачката. На трговците тешко кој не сака да има подебел џеб.

Трговците, велат нема да им се исплати да ги намалат цените, бидејки и на земјоделците не им се исплатува  да спуштат цена, бидејки високи им се трошоците.

-Што да спуштеме 25 денари бостан продаваме, кромид 30 денари. Што да спуштиш без пари ли ке работиш

-Ќе почитуваме ама во маркетите е оган. Вчера бев се е покачено а демек денес ке ги намалат. Ги  креваат а нема шанси да ги намалат. Ќе имате ли есап да продавате поевтино? Не ништо ова лето нема сезона саглам да продадеш да има цена

-Мислам декиа не, дека нема да се намалат. Нешто за да се замачка очи. Нема да ни се исплати. Овде на пазар не може земјоделецот што произведува пиперки да му анреди некој цена а има тој го чини цената толку со ѓубрива, со вода, со наводнување и да дава цена пониска.

Есенската потошувачка кошничка според владата  треба да донесе стабилизирање на цените на прехрамбените производи

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани