Уметници од Австралија ги сликаат убавините на Охрид за да ги прикажат на светот. Иницијативата е на уметникот Ристе Андриески, кој по потекло е од охридското село Горенци. Заедно со двајца колеги од Австралија еден месец творат на брегот на Охридското Езеро. На платно ќе ги стават охридските убавини за да ги изложат и во земјава и во Австралија.
Идната година во земјава ќе гостуваат 13 уметници од Австралија за да се запознаат со историјата, културата и убавините на земјава.
– „Имаме поминато низ Охридското кале, страиот град, слики правевме. Вчера бевме Галичица, Пештани, Свети Наум. Ќе одиме и на други места за да сликаме. Има многу Македонци во Австралија и мислам дека иако сум таму во Австралија мене родното место цел живот ме влече наваму, специјално е и романтично и ми беше желба да поканам уметници од таму да се запознаат со нашите предели и да видат како е кај нас. Ќе одиме и во Струга и во Горенци од каде потекнувам и таму ќе сликаме цел ден и им се допадна многу тишината, полињата“ , вели Ристе Андриески ументик во Австралија од охридско Горенци.
Австралиските уметници воодушевени од природата, црквите, музеите. Фасцинирани од вековната историја и култура на македонското поднебје.
-Пределот е прекрасен за сликање, планините, езерото е прекрасно особено во овој период од годината, Стив Лопенс уметник од Австралија.
-Мислам дека е различен предел и вистински предизвик за нас ументиците кои трагаме по различна околина. Прекрасно е навистина се чувствуваме среќни пто сме овде Јуен Меквел уметник од Австралија.
Изложбата на пејсажи ќе се одржи следната година во Куќата на Робевци и во галеријата во Волонгог Австралија. Сите дела на австралиските уметници, кои на платно ќе го прикажат како го доживеале Охридксиот регион ќе остават свој посебен белег и потпис.
Новинар Соња Рилковска