Млад човек погина од удар од гром.
Утрово околу 04.30 часот во Полициската станица Струга, С. Н. пријавил дека на место викано „Славило“, над с.Локов, струшко, пронаjден е починат У.Е. (35) од Дебар, кој напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот.
