28 август е неработен ден за православните верници.
Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, 28 август (вторник), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството им го честитаат празникот на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.
