Почнува судењето за крвавиот четврток

Во кривичниот суд во Скопје почнува судењето за настаните од крвавиот четврток.

На обвинителна клупа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста,меѓу петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се и пратениците од Охрид Љубен Арнаудов и Сашо Василески, пратеникот Крсто Мукоски од Вевчани како и Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. Вкупно обвинети за крвавиот четврток во Собранието се 30 лица.На обвинителна клупа ќе седнат и Богдан Илиевски од Охрид-еден од организаторите на движењето „За заедничка Македонија“,оперскиот певец Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски. Ќе им се суди и на двајцата вработени во УБК, Оливер Радулов и Сашо Марковски, кои ги одзеле харддисковите со безбедносните видеоснимки од Собранието но и на ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началникот во МВР, Душко Лазаров, Митко Пешов, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Александар Василевски-Нинџа…
Предметот ќе го води судијката Добрила Кацарска, која го осуди експремиерот Никола Груевски на казна затвор од 2 години за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Судијката закажа вкупно 38 рочишта, од кои 5 во август, 6 во септември, 10 во октомври и 17 во ноември.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани