Во период од 5ти октомври до 8ми октомври се одржа 13-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2025).
На натпреварот учествуваа 10 училишта од поранешните југословенски републики:
– Охрид (Македонија)
– Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија)
– Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина)
– Белград и Смедерево (Србија)
– Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска)
– Бар (Црна Гора)
Домаќин на натпреварот беше угостителско-туристичката школа Бар, Црна Гора.
Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини:
✔︎ готварство,
✔︎ угостителско послужување и
✔︎ подготовка на тридневен туристички аранжман.
Учениците од РЦСОО ,,Ванчо Питошески” – Охрид освоија еден златен и два сребрени медали во следните дисциплини:
ГОТВАРСТВО
– Давид Димоски
– Никола Краљевски
– Јован Андов
ментор: Васил Талевски
УГОСТИТЕЛСКО ПОСЛУЖУВАЊЕ
– Славе Софкоски
– Кристијан Нестороски
БАРМЕН
– Виктор Стојчески
ментор: Елена Спироска
ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН
– Андреа Билбилоска
– Вероника Ѓуракова
– Ивона Апостолова
ментор: Милена Илијевска
На учениците и менторите им беа доделени златни и сребрени дипломи.
За сите учесници беше организиранo едукативно крстарење по Скадарското Езеро .
Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2026, ќе биде градот Приједор, Босна и Херцеговина.








