Пецаков на средба со пензионерите и митинг во Велгошти

Актуелниот градоначалник Кирил Пецаков и кандидат за втор мандат  оствари средба со Здружението на пензионери.
-Секогаш сме посветени на нашите повозрасни сограѓани. Освен што континуирано ги поддржуваме нивните програмски активности, особено сме фокусирани на спортските и културните настани преку финансиска и логистичка помош.
Но, она што посебно ме радува и што го соопштив на средбата со членовите на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца е привршувањето на активностите за отворање на Првиот Дневен центар за стари лица!Овој центар ќе биде вашето ново место за дружење, креативност и добивање потребна поддршка.Со растот на буџетот на Општината, ќе расте и поддршката за пензионерите, рече Пецаков.
Синоќа ВМРО ДПМНЕ ја претстави програмата на мини митинг во Велгошти.
-Велгошти денес испрати порака дека Охрид не запира повеќе!
Велгоштани јасно покажаа дека се за континуитет во работењето и продолжување со работа за уште поубава Општина Охрид!
Велгошти денес покажа дека знае кој е Вистинскиот избор, рече Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани