СДСМ ја презентираше стратегијата за туристички развој

СДСМ ја презентираше стратегијата за туристички развој .

-Како носител на советничката листа предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денес со особена гордост ја презентирам нашата стратегија за туризам и развој, насочена кон нова, одржлива и инклузивна визија за Охрид – град кој заслужува да блесне во полн туристички, културен и економски сјај.

Охрид, како светско културно и природно наследство, има ресурси кои многу други дестинации само можат да ги сонуваат. Но, реалноста е дека тој потенцијал не е доволно искористен, особено во сезоните надвор од летниот период.

Со оваа програма, ние целиме не само да го зголемиме бројот на туристи, туку и да изградиме одржлив туристички екосистем кој ќе го вклучи локалното население, ќе ја заштити природата и ќе донесе долгорочен економски раст.

 

  • Ќе формираме Туристички совет, што ќе ги координира сите активности и политики во секторот.
  • Ќе го реинсталираме Туристичкото биро, како сервис за посетители и промоција на Охрид.
  • Ќе воведеме целосна дигитализација – мобилна апликација, електронски резервации и информации.
  • Ќе обезбедиме специјализирани паркинзи за туристички автобуси, за поуреден град.
  • Ќе понудиме стручна поддршка за искористување на ИПАРД-фондовите.

Дополнително, ќе развиеме вински, ловен, здравствен и рекреативен туризам, ќе го поттикнеме сместувањето во рурални средини, ќе ги заживееме традиционалните занаети, а Охрид ќе го промовираме како град за дигитални номади и интеркултурен центар.Но она на кое што сакаме да ставиме особен акцент е заживувањето на Охрид во текот на целата летна сезона, не само во текот на неколку дена. За таа цел, ќе развиеме понуда која ќе го опфати цело лето секој ден со програма за различни целни групи, која ќе го смести Охрид во водечка туристичка дестинација како светските метрополи, истакна Јане Тодороски носител на советничка листа на СДСМ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани