Груевски во посета на Дебарца

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски продолжува со секојдневните теренски средби со граѓаните, вчера  тој беше во посета на општината Дебрца, каде посети четири населени места, во Злести, во Вoлинo, во Белчишта и во Ботун.

Тој таму имаше средби со граѓаните каде можеше да слушне какви проблеми имаат граѓаните.
Одењето на терен и слушањето од директни разговори со граѓаните е нешто што е незаменливо, во однос на други форми на комуникација. Јасно е дека не може секаде да се стигне, буквално и секогаш, но колку што е можно повеќе да се биде присутен на терен, овозможува потоа за секој политичар кој што има одредено влијание да подобри некои нешта, овозможува да донесе поправилни и поисправни одлуки, изјави Груевски.

Тој кажа дека во Ботун имал можност да го види привршувањето на реконструкцијата на училиштето, кое се реконструира после 21 година, што според Груевски е одлична работа, бидејќи тоа било во руинирана состојба.

Во Белчишта имав можност да го видам реновираниот стадион, кој што е значаен за граѓаните таму, изградена е и соблекувална, ограда и се друго што недостасувало. Во Злести се работи на реконструкција на домот на културата и за други работи, улици и патишта што се изградени се разговараше, но се разговараше и за проекти кои треба да се изградат, или требало но еве не се стигнало за нив, така што беше убаво да слушнам од луѓето на терен, да ги слушнам нивните приоритети и тоа е една од позначајните работи за секој политичар, да биде во директна комуникација со народот, изјави Груевски.


-Одењето на терен и слушањето од директни разговори со граѓаните е нешто што е незаменливо, во однос на други форми на комуникација. Јасно е дека не може секаде да се стигне, буквално и секогаш, но колку што е можно повеќе да се биде присутен на терен, овозможува потоа за секој политичар кој што има одредено влијание да подобри некои нешта, овозможува да донесе поправилни и поисправни одлуки, изјави Груевски.

Тој кажа дека во Ботун имал можност да го види привршувањето на реконструкцијата на училиштето, кое се реконструира после 21 година, што според Груевски е одлична работа, бидејќи тоа било во руинирана состојба.

-Во Белчишта имав можност да го видам реновираниот стадион, кој што е значаен за граѓаните таму, изградена е и соблекувална, ограда и се друго што недостасувало. Во Злести се работи на реконструкција на домот на културата и за други работи, улици и патишта што се изградени се разговараше, но се разговараше и за проекти кои треба да се изградат, или требало но еве не се стигнало за нив, така што беше убаво да слушнам од луѓето на терен, да ги слушнам нивните приоритети и тоа е една од позначајните работи за секој политичар, да биде во директна комуникација со народот, изјави Груевски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани