Две мртви деца во Охрид и Струга.
Двегодишно девојче под неразјаснети околности почина синоќа околу полноќ на детското одделение при Медицински центар Охрид, а седум месечно бебе почина во струшката болница утринава.
Канал 5 од охридската болница дознава дека двегодишното девојче било донесено вчера попладне на детското одделение со симптоми на малаксаност. Лекарите му дале инфузија и откако девјчето било подобро го испратиле дома. Ноќта околу полноќ родителите го донеле поворно детето во болница , но овој пат мртво, без знаци на живот. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал не успеале.
Утрово на струшкото детско одделение без знаци на живот било донесено момче на возраст од седум месеци. Несупешни биле обидите на докторите да помогнат. Директорот на струшката болница телефонски информира дека детето било донесено мртво а лекарите констатирале смрт. Се работело за тешка вродена болест која деновиве се влошила. Вчера родителите биле во болница, но со потпис своеволно, ја одбиле хоспитализацијата која ја предложиле лекарите. Денес го донеле бебето мртво.
Обдукцијата на телото на двегодишното девојче треба да ги утврди точните причини за смртта. Дали се работи за лекарска грешка, превид или болест ќе покажат анализите. Врз телото на момчето од Струга нема да има обдукција.
Новонар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ