Трагедија го потресе Охрид денеска.
Двегодишно девојче го загуби животот под засега нејасни околности. Во штурото соопштение објавено денеска на сајтот на МВР стои: На 26.08.2017 година околу 23,50 часот во Медицинскиот Центар–Охрид без знаци на живот било донесено двегодишно дете. По наредба на Јавен Обвинител телото било предадено на обдукција.Охриднет, од болнички извори дознава дека девојчето имало вироза и дека и била давана инфузија. Како се случил трагичниот настан, допрва треба да се разјаснува.