Холандски турист почина во „Св.Наум“

66 годишен турист од Холандија вчера почина во Охрид.

Холандскиот турист Р.Ј.А. починал вчера околу 15 часот во комплексот „Св.Наум“ каде бил во посета со други пријатели. Неочекувано му се слошило по што паднал на земја а пријателите се обиделе да помогнат. Екипа на брза помош само констатирала смрт без траги на насилство. Најверојатно смртта настапила како последица од срцев удар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот нема да се врши обдукција, се вели во полициското соопштение.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани