Во Струга, од 23-28 август ќе се одржи 56-та по ред реномирана поетска манифестации во земјава – Струшките вечери на поезијата.
Годинава, во градот на поезијата ќе допатуваат 30 странски познати имиња од светот на поезијата а новина од оваа година е зголемениот паричен фонд на наградата кој изнесува 150.000 денари. Покрај странсите поети, во Струга на поетските читања учество ќе земат и домашни поети како и сите досегашни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“. Годинава се одбележуваат 55 години од востановувањето на оваа награда во 1963 година. Од македонските учесници ќе бидат и петте автори на книгите кои ќе се најдат во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“.Привршуваат подготовките за 56-то издание на „Струшките вечери на поезијата“ а според директорот на фестивалот Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски, годинава фестивалот го задржува концептот да покани оптимален број гости, согласно програмата. Тоа значи околу 30 гости од странство кои се во официјалната програма на фестивалот, а меѓу нив се и петте учесници во програмата „Версополис“, која е една од литературните платформи поддржани од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, рече Стефоски. Инаку,американски поет Чарлс Симиќ е годинешен добитник на наградата „Златен венец“, а хрватскиот млад поет Горан Чулахоџиќ е добитник на наградата „Мостови на Струга“ која се доделува заедно со УНЕСКО. Од СВП велат дека на конкурсот за најзначајната поетска награда кај нас „Браќа Миладиновци“, кој бил отворен до 20 јуни пристигнале 38 поетски книги. Жирито, кое го сочинуваат пет члена, на крајот на јули ќе соопшти кои автори се во потесниот круг. Паричниот фонд на нагрдата е зголемен и од оваа година ќе изнесува 150.000 денари.