Охрид и Струга, треба да имаа хотели со четири и пет ѕвезди и детален урбанистички план на крајбрежието.
Треба да се планира изградба на сместувачки капацитети со четири и пет ѕвезди. За тоа треба да се изнајде начин за субвенционирање од општините или државата со цел да се олесни градењето на повеќе високо категоризирани хотели, смета Крсте Блажески претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија – ХОТАМ. Додава дека во шпицот на сезоната, целосно се исполнети високо категоризираните хотели на охридско струшката ривиера кога и најинтензивно се чувствува недостиг на сместувачки капацитети со 4 и 5 ѕвезди. Оттука,, се посериозно треба да се планира изградба на такви објекти што треба да е предизвик за инвеститорите. Потенцира дека за тоа треба да се изнајде начин за субвенционирање од општините или државата со цел да се олесни градењето на повеќе високо категоризирани хотели. Претседателот на ХОТАМ, нагласува дека инвеститорите каде ќе може да се гради,што ја нагласува потребата од постоење детален урбанистички план на охридско-струшкото крајбрежје.Тој посебно нагласува дека треба да се запази соодносот од 1:3 на хотелски соби и приватни апартмани.
– Премногу приватни апартмани доведува до опаѓање на квалитетот на туристичката дестинација. Доколку сакаме да ги задржиме гостите, кои сакаат сместување во хотели со четири и пет ѕзвезди, треба да има поголем број хотелски соби од тој ранг. Во моментот имаме под 4.000 хотелски соби и не смееме да дозволиме да бидат изградени повеќе од 12.000 апартмани и станови за издавање во Охрид и Струга, смета Блажески.
Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија – ХОТАМ Крсте Блажески е задоволен од изминатава туристичка сезона бидејќи имало зголемување на бројот на туристи во однос на 2017 година. Неговите размислувања за подобра туристичка сезона се насочени кон забрзување на градежните работи на автопатската делница Кичево-Охрид а посебно од Охридскиот аеродром до Охрид и Струга.

