Промовирана книгата „Охридска писменост“, отворена изложба на вредни артефакти во Охрид

Денеска беше промовирана книгата „Охридска писменост“ од проф.д-р Димитар Пандев а во музејот „Робевци“ беше отворена етнолошка поставка на артефакти.

Во музејот „Куќата на Робевци“, во рамки на празнувањата по повод Патронот на Охрид, беше промовирана новата книга на професорот Димитар Пандев, „Охридската Писменост“.Книгата „Охридска писменост“, ја промовираше поетот Славе Ѓорѓо Димсоки, кој посочи дека таа е книга кој ги соединува фактите и легендите за ширењето на писменоста на овие простори. Авторот на книгата, професорот Пандев, изрази голема благодарност до уметникот Никола Упевче за уникатната изработка на корицата и до општина Охрид за несебичната поддршка што ја дава за создавање на вакви трајни дела.
По завршувањето на промоцијата, сите присутни ги разгледаа новите археолошки и фолклорни поставки кој се наоѓаат во музејот „Куќа на Робевци“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани