Хулигани дупат гуми во Варош, полицијата „спие“

Хулигани подло дупат гуми на автомобили во Стариот дел на град Охрид, а полицијата не презема ништо.

Вечерва двете гуми на автомобилот на дописничката на Канал 5 ТВ и уредничка на  Охриднет.ком, Соња Рилковска, со кој службено нашата екипа беше на терен  беа пробушени со шило.

– Автомобилот беше паркиран, како и безброј други автомобили на ул „Илинденска“, во близина на  црквата Света Софија. Никому не сметаше, ниту затворивме некоја врата од куќа, ниту гаража… како и сите паркирани автомобили од едната страна на улицата.

Кога екипата на нашиот портал , заедно со колегите од другите медиумски куќи  се обиде да го напушти стариот град наиде на страотна глетка. Двете гуми потполно уништени, колата парализирана. 

Веднаш повикавме полиција, ни рекоја да почекаме. Чекавме еден час полициски службеник не дојде. Добивме телефонски повик дека полиција неможе да дојде па сами лично да пријавиме во полициската станица. Немале слободна  увидна екипа на терен. Зарем во туристички Охрид немаат увидна екипа на терен??? Зарем не е вистински срам да нема полиција кога градот е преполн со туристи?

И додека така чекав полиција разговарав со жителите во околината. Еден сосед, патем познат доктор од градот, ми рече „ Мене вчера ми ја дупнаа гумата од колата“. Отиде во дворот и ја донесе ми ја покажа издишена.  Вработената девојка во блиската продавница за сувенири ми раскажа дека неа пред два дена и ја дупнале исто гумата на истата улица. Ни ја покажа колата со издишена гума, се уште не и беше поправена. Ги прашав дали повикаа полиција…. сите со ист одговор  „А што да викаш полиција џабе?“„Или нема да дојдат или ништо не прават“…..

Според мене крајно  непрофесионално е што полицијата не дојде на терен. Доволно беше да се појават. Па хулиганите кои дупат гуми,  а сигурна сум дека демнат и  гордо се смеат на „големото дело“  можеби и ќе се уплашат. Па утре нема да настрада нов автомобил.

Овој текст, кој го објавуваме на Охриднет не е да не сожалувате…. ние ги жалиме сите тие несреќни луѓе кои се радуваат правејќи штета… Овој текст е да ја поттикнеме полицијата да прошета по „Илинденска“ и барем да ги заплаши хулиганите кои прават неснослива штета на туристички Охрид. Утре гуми ќе им дупат и на бројните  гости, кои после такво искуство веќе нема да сакаат да го спомнат нашиот убав град.

Понекогаш…  колку што сум горда и од се срце го сакам Охрид, исто толку  се срамам што живеам овде…..се срамам затоа што најубавиот град на светот го црнат  поединци, невоспитани и безобразни хулигани…Па потоа светот не критикува…. скопјани не исмејуваат… битолчани не не сакаат…прилепчани не не обожаваат… а ние се лутиме….

А за крај да не се грижите има и добри  луѓе во градот. Дојде добар мајстор , ги поправи двете гуми во работилницата и автомобилот го тргнавме од улицата.

ПС: Јас неможев да одам лично да го пријавам оштетувањето на автомобилот  во полиција бидејќи еден саат чекав полиција, а потоа уште еден час  го чував автомобилот, додека мајсторите ги поправаа гумите…..

Автор Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани