Вечерва во бистро „Корнер“ ќе се одржи хуманитарна караоке забава.
Оние што сакаат да пеат, треба да имаат претходно избрано матрица на YouTube и да се пријават во порака на фејсбук страната на Клуб на млади на Црвен крст Охрид.
Забавата ќе трае од 20:30 до 23:30 часот. Влезницата е 100 денари плус пијалок.
Собраните средства ќе бидат наменети за 15-годишниот охриѓанец Петар, кој треба да направи операција на очите.
