Коѕијас и Димитров разговараат во вилата Горица

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас утрово  во владината вила во Охрид ја почнаа новата рунда разговори за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

 

Средбата Димитров – Коѕијас се очекува да трае околу два часа по што е предвидено двајцата министри да дадат изјави за медиумите.

И двајцата дипломати во пресрет на денешната средба во Охрид истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите, во насока на натамошно зближување на позициите, но далеку од решение за кои Атина инсистира на уставни промени за кои Македонија смета дека не се потребни.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани