Вработените во ЈЗУ Општа болница Охрид уште еднаш покажаа дека хуманоста и солидарноста се дел од нивното секојдневие, обединувајќи се во акција за поддршка на малата Ева од Охрид, која води тешка и храбра животна битка.
Со заеднички сили, преку организирана акција, беа собрани вкупно 186.700 денари, средства кои ќе бидат наменети за лекувањето на Ева.
Синдикалната организација на болницата донираше 120.000 денари, додека дополнителни 66.700 денари беа обезбедени преку доброволни донации од вработените, поставени во кутии на одделите.
Оваа иницијатива претставува силен пример за заедништво, хуманост и поддршка во моменти кога е најпотребна.
Вработените во Општата болница во Охрид уште еднаш потврдија дека покрај професионалната грижа за пациентите, поседуваат и големо човечко срце, подготвено да помогне таму каде што е најпотребно.
