И охридските судии-поротници ќе земаат по 400 денари од судење?

Судиите поротници од судовите во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Охрид,

Струга, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, наместо по 200 денари, да добиваат најмалку по 400 денари од судење. Поротниците во Дебар, Кичево, Крушево, Ресен, Виница, Кратово да добиваат 250 денари, наместо досегашните 125 денари од судење. Ова се очекувањата на претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски, кои ги изнесе на прес-конференција пред јавноста. Караџоски рече дека на потег е Министерството за правда.„Очекуваме министерот за правда да донесе нов правилник за исплата на надоместоците на поротниците и бидејќи се мизерни нивните хонорари, очекуваме најмалку стопроцентно зголемување“, рече Караџоски.Поротниците побараа по 500 денари од судење, во спротивно најавија дека ќе штрајкуваат. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани