Охрид одбројува до најголемиот празничен спектакл кој ќе се случи на Божиќ.
Црногорската супер ѕвезда Сергеј Четковиќ на Божик со спектакуларен концерт во Охрид во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
„Погледи у тами“, „Пола мога свијета“, „Ако те није“, „Само ме загрли“ и сите други големи хитови на неповторливиот шармер во живо за охриѓани и гостите.
Како загревање на атмосферата и гаранција за незаборавна вечер, со своите најголеми хитови ќе се претстави и нашиот Ѓоко Танески, а ќе има посебно подготвен DJ сет на Regie Rules.
Настанот ќе се случи на 7-ми јануари, Градски плоштад Охрид, старт 21:00 часот.
