И оваа сезона голем број поплаки за некоректно однесување на охридските таксисти. Одбиваат да возат на кратки релации. Не примаат домашни гости ниту охриѓатни, чекаат странци и подолги релации.Тешко се добива возило и во такси компаниите, најчесто телефоните им се исклучени. Граѓаните се жалат на потценувачки однос кон патниците.
-На нашите сограѓани не сакаат да им вршат работа , си бараат странци со повеќе пари.
– Не чекам некој а јас секој пат ќе им речам да не сакате до Свети Наум да одам. Ќе побараш нормален не влегувај во тоа такси.
-Не сакаат релација овде низ градот, чекаат подолга релација до Скопје. Би требало да се услужни ако сакаме да одиме напред.
– Друг систем имаат овде за возење јас доаѓам кај банката и му викам ќе ме однесеш до негде, ај види позади. На што личи тоа таксистот мора да го услужи секој еден граѓани.
Таксистите се должни да издаваат фискални сметки, но и тоа не го прават. Согласно ценовникот на сила, стартот е 50 денари, а секој изминат км се наплатува 35 ден, односно 45 ден во ноќната тарифа, но одлуката не се почитува. Наплатуваат двојно или тројно повеќе од редовната цена.
– Триста денари платив од автобуска станица до гимназија, раскажува гостинка од Србија.
-Се возев со такси, бараат повеќе, но ќе најдеш друг такси по нормална цена.
-Плативме 400 денари ни требаше и прифативме. Од овде од нивната псотојка до стар град до Плаошник.
– Не се како што треба не сакаат да возат малку им било пари тоа не е дозволено.
-Многу пари бараат затоа не користевме
Од општина Охрид велат, инспекторите за патен сообраќај се редовно на терен и се во тек со случувањата по однос на такси превозот. Во текот на наредниот период најавуваат засилени контроли на превозниците, а воедно и ги охрабруваат патниците да ги пријавуваат нерегуларности кај надлежните служби.
-По однос на невклучување таксиметар или користење на повеќе од еден таксиметар се преземаат мерки во вид на казнени и прекршочни постапки согласно членовите 96,98,99 и член 99-б од Законот за превоз во патниот сообраќај, а додека за тоа дека такси превозниците не возат ако релацијата е низ градот не постојат законски одредби по кои инспекторите би можеле да дејствуваат, велат од општинскиот инспекторат.
Новинар Соња Рилковска