Вевчани чувар на традицијата, се одржа фестивалот „Пображење“

Славното Вевчани од денеска е центар каде се спојуваат етнолошките вредности, фолклорната традиција, музиката, песната.
Фестивалот „Пображење“ по 14. пат ги обедини народите од земјите учеснички, чувари на душата и посебноста на културите на земјите од каде доаѓаат.
Особено сум горд што Министерството за култура и туризам е покровител и поддржувач на овој културен настан кој на особен начин го збогатува културното живеење во Вевчани во овие летни денови. Фестивалот „Пображење“ деновиве на едно место ја донесе културата, креативноста на уметниците и изведувачите и таа добива нова димензија. Уште еднаш се потврдува дека со посветеност и многу работа може да се реализира вреден културен производ со кој сите може да се гордееме.
Честитки до домаќините, градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски и до организаторот Тошо Чочороски директор на здружението – Културно уметничко друштво „Дримкол“.

Во текот на вчерашниот ден во посета на Вевчани беше министерот за култура и туризам на Македонија, Зоран Љутков.

Министерот го отвори традиционалниот, 14ти по ред фестивал на народна култура “Пображење” – Вевчани кој е во организација на КУД “Дримкол” Вевчани.
Воедно на КУД “Дримкол” Вевчани им честитам за организацијата и им се заблагодарувам за убавата вечер во која уживавме.
Министерот изрази несибична поддршка за културата и културните настани кои се случуваат во Вевчани во текот на целата година.
Понатака, го информирав дека изработивме основен проект за сите фази за целосна реконструкција на кино салата во Вевчани, проект кој е и дел од владината програма и истиот ќе се реализира во периодот кој следи.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани