И прилепчанец заработи пријава поради коментар со говор на омраза.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.И.(31) од Прилеп. Тој, на 19.10.2021 година, по објавен текст на електронски портал, постирал коментар со кој поттикнал омраза кон определена група или поединец, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
