Продолжува акцијата за расчистување на снежните наноси.
-Синоќа повторно се чистеа критичните точки низ градот. Во акцијата се вклучија и јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Билјанини извори“ со сопствена механизација и луѓе.
Според последните информации поголем дел од критичните точки се исчистени и фрлено е ризла и песок. Во најголем дел тротоарите и пешачките патеки се веќе расчистени.
Во зависност од потребите и во текот на денешниот ден ќе бидат ангажирани и другите јавни прептријатија, информира градоначалникот Кирил Пецаков.


