И Стево Карапанџа ќе доjде во Охрид

Стево Карапанџа, најпознатиот југословенски готвач, шефот на кујната се очекува да дојде во Охрид. 

 

Оваа зима ќе продолжи Taste Ohrid. Охридските кувари ќе учат да зготват една поинаква рибна чорба , а ќе дојде Карапанџа, открива Ангела Крстановска Василеска професор од ФТУ Охрид во изјава за Охриднет. 

Големиот готвач од култната серија „Мали тајни на големите мајстори Стево Карапанџа, кој за време на СФР Југославија, со Иво Сердар и Оливер Млака, ја предводеше популарната емисија на Радиотелевизија во Загреб е најпознатиот и најбараниот  шеф на Балканот. 

Инаку овој викенд Охрид е домаќин на светски врвни кувари со Мишелин ѕвезда. Италијанецот Џорџо Дијана  вечерва на гала вечер продолжува со откривање на тајните на врвните кулинарски специјалитети. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани