Во Струга вчера – 21 Септември(четврток) во организација на Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ 1941 – 1945 година и граѓаните на Струга и струшко – продолжувачи на традициите,со помош на Општината и локалнате самоуправи беше одбележан Светскиот ден на мирот со марш на мирот под мотото „ЗАЕДНО ЗА МИР ПОЧИТУВАЊЕ,БЕЗБЕДНОСТ И ДОСТОИНСТВО ЗА СИТЕ“.
Маршот започна од пред зградата на Организацијата – Паркот на поезијата по кејот на реката Црн Дрим,по опеаната струшка чаршија,а на спомен обележјето-каде што на местот првпат се отпела Химната на Македонија се положи свежо цвеќе,исто така се положи цвеќе на споменикот на револуцијата и бистите на паднатите борци.
Покрај борците и граѓаните продолжувачи,масовно се вклучија за одбебележување на овој светски ден,припадници на АРМ,пензионери,претставници на Политички партии,Невладини организации и Здруженија на граѓани,ученици и студенти од Струга и струшко.
Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година,21 Септември е прогласен за Меѓународен ден на мирот,а Резулуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН секоја година на 21 Септември редовно да го одбележуваат.
Централната прослава во Струга се одржа пред споменикот на Нико Нестор каде беше интонирана Химната на Република Македонија,а претседателот на ООСБС,Ајрадин Мемети ја прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Антонио Гуштереш.
Со коктелот организиран од страна на ресторанот „Женева„на самиот брег на реката Црн Дрим,каде беше заедничкото дружење се заокружи годинешново одбележување на овој светски ден.
автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ