Идната недела отпочнува зимското сметање на времето

Идната недела, ноќта меѓу сабота и недела меѓу 28 и 29 октомври почнува зимското сметање на времето а стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.

Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот. На овој начин се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.Се смета дека периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, од кои повеќето се на северната хемисфера.Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.
Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што се убедени дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако се правда со економски пресметки.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани