Инцидент во струшкиот универзитет

Велештанец претепал вработен во универзитетот.

Во СВР Охрид било пријавено дека на 08.10.2018 година во 11,00 часот во просториите на меѓународниот универзитет во Струга Б.К. од село Велешта, струшко започнал вербална расправија со А.К.(40) од Струга кој бил вработен во универзитетот, упатувајќи му закани по неговиот живот а потоа и физички го нападнал удирајќи го со тврд предмет во пределот на главата. Потоа Б.К. му го одзел мобилниот телефон на А.К. и го напуштил местото на настанот. Б.К. е повикан во полициската станица во Струга и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани