Со пригодна програма Охрид ќе го одбележи 11 Октомври

Со пригодни свечености Општина Охрид и ОО на Сојузот на Борци ќе го одбележат 11 Октомври- Денот на народното востание.

Свечената програма започнува утре во 11 часот. Во рамки на случувањето е предвидено обраќање на градоначалникот Јован Стојаноски, а историски час ќе одржи Наце Иваноски од ОО на Сојузот на борци.

Во четврток делегации од општина Охрид и останати претставници од јавниот и политички живот од градов ќе положат свежо цвеќе на Спомен обележјето од НОБ во градскиот парк, во дворниот простор на Основен Суд –Охрид и Економското училиште, „Св. Кирил и Методи“ и кај градски гробишта.

 

Ден на народно ослободителното востание на Македонија
ОПШТИНА ОХРИД И
ОО НА СОЈУЗ НА БОРЦИ
ВЕ ПОКАНУВААТ НА СВЕЧЕНОСТИТЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

ПРОГРАМА

10.10 2018 (Среда)

• СВЕЧЕНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД 77 ГОДИНИ ОД НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

време: 11:00 ч.
место: Општина Охрид (голема сала)
11.10 2018 (Четврток)

• Полагање свежо цвеќе на Спомен-обележјата од НОБ

време: 11:00 ч.
место: Градски парк; Основен суд; Економско училиште и Градски гробишта

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани