Инспекторите со полни раце работа. Во Струга се правела свадба со над 200 гости.
Нешто помалку сватови се забавувале и на 4 свадбени веселби во главниот град и во Тетово. Престиж од Струга, Ара и Аква Парк од Тетово, Мирко 919 и Буши од Скопје, според првиот човек на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски се угостителските објекти за кои се подготвуваат кривични пријави за непочитување на протоколите.
Ништо поразлично не било и по баровите низ државата. Во главниот град биле затекнати четири угостителски објекти кои не ги почитуавле правилата за заштита.. Стојко Пауновски за Канал5 вели дека записник бил направен во локалот “Гнездо” на улица Македонија на кој за непочтиување на протоколите, како што рече, му се заканува пријава. Канал 5 телефонски разговараше со член на персоналот, кој спротивно на Пауновски тврдеше дека тие ги почитувале правилата и оти не биле констатирани нерегуларности.
Казнет со кривична пријава е и скопскиот бар “Интермецо”, a трета кривична пријава ќе добие и клубот “Аватар” во Струмица, каде синоќа гостувал српскиот рапер Де Вито.
Пејачот Владо Георгиев пак втор ден по ред пееше во скопскиот бар “Мош”, чиј управител со иницијали М.Д. нешто по полноќ бил приведен во полициска станица поради сомнение дека сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во локалот инспекторите првично издале опомена за разместување на масите, но кога се вратиле се било по старо и без потребната дистанца. И за овој локал првиот човек на пазарниот инспекторат вели дека ќе биде поднесена пријава.
Забава без почитување на протоколите е забележана и во “Император” во Битола.
Пауновски вели дека синоќа биле напишани 16 пријави, а уште толку објекти биле опоменати, но оти на лице место тие прават записници, а пријавите се подтготвуваат во рок од три дена.
