Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска, на 33 социјално загрозени семејства од Охрид, им донираше социјални пакети со прехрамбени производи.
Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше реалииорана со помош на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.
– На овој начин, членовите на Интернационалната полициска асоцијација Охрид, ја покажаа својата хуманост, што ќе биде постојана во натамошното работење и ќе се реализира и во Струга, Кичево и Дебар, како подрегиони на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, информира м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид, кој во врска со денешната активност, на својот ФБ профил напиша: „Грижата за луѓето, за нашите сограѓани, треба да биде обврска на сите нас. Горд сум што членовите на ИПА Охрид, беа единствени да ја реализираме оваа хуманитарна активност и на 33 семејства од Охрид, да им донираме социјален пакет со прехрамбени производи и да им покажеме дека сме со нив. Ќе продолжиме и во ИПА подрегионите во Струга, Кичево и Дебар и ќе помагаме, ќе служиме и ќе градиме пријателство со сите наши сограѓани“.


Интернационалната полициска асоцијација е независно тело составено од членови на полициската служба, без разлика дали се во активна служба или пензија, и без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија. Тоа е цел за да се создаде обврска кон пријателство и да се промовира меѓународната соработка врз основа на начелата утврдени во декларацијата за човекови права усвоена од страна на Генералното собрание на ОН во 1948 година. Оттука, мотото на ИПА е SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО
