Исечени бакарните цевки за медицински гас до операционата сала во Специјализирана болница за нефрологија Струга

Исечени се бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во Специјализирана болница за нефрологија во Струга, соопшти МВР откако вчера анестезиолог во болницата го пријавил оштетувањето.

Како што соопшти МВР, оштетувањето се случило на 17 март по 17 часот, кога непознат човек со предмет насилно удирал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата. Потоа, насилникот си заминал.

„Украдени се неколку метри бакарни цевки за азотен оксидул. Операциите одат непречено. Дел саниравме, а дел ќе санираме. Немаше опасност. Секогаш имаме доволно кислород во боци и концентратори за кислород“, ни изјави директорот на струшка Нефрологија Александар Попоски.

Екипа на Полициската станица во Струга извршила увид и работи на случајот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани