Предавања на тема „Колку е важно оралното здравје од најрана возраст”

Виа Фарм заедно со стоматолошки центар Др. Баткоски и Curaprox Macedonia по повод денот на оралното здравје, 20 март, организира низа настани преку кои ќе бидат посетени дел од основните училишта во Охрид, Струга и Вевчани.

Тим доктори од стоматолошкиот центар Др. Баткоски, како и тим фармацевти од Виа Фарм ќе одржат предавања на тема: „Колку е важно оралното здравје од најрана возраст” на дечињата од прво одделение и ке подарат четки и пасти за заби од Curaprox.
Агенда на предавања за „Оралното здравје“:
22.03.2022 (вторник) – ОУ „Јосип Броз Тито“- Струга
23.03.2022 (среда) – ОУ „Страшо Пинџур“- Вевчани
24.03.2022 (четврток) – ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид

Social profiles