Избркани наставници, родителите бојкотираат настава, директорката смирува

Родители бојкотираат настава поради избркани наставници во ОУ Свети „Климент Охридски“ Охрид.

Велат заради политички причини избркани се две наставнички и еден дефектолог а на нивно место вработени нови лица. 

Во знак на револт родителите најавија дека нема да  ги пуштаат учениците на настава. 

-„Избрканите учителки се исклучително квалитетен кадар  тоа го слушаме 10 – на години наназад за нивното добро работење. Не се прифаќа одлуката да си оди од ова училиште“, вели една од родителките Сандра Каневче.

Директорката бара родителите да ги вратат учениците на настава.
 
-„По денешниот бојкот на наставата на дел од родителите на децата од прво одделение при ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, ги информираме нив, но и јавноста за следното.Договорите на дело на трите лица кои се посочуваат во изјавите на родителите беа истечени, по што беше распишан нов конкурс, на кој можеше да се пријави секое заинтересирано лице.
Лицата кои се примени на работа се професионалци и многу бргу ќе се прилагодат на работата со децата, а и децата ќе ги прифатат доколку сите заедно им дадеме соодветна шанса и реална можност да го покажат своето знаење. 
Како колектив апелираме до родителите да им овозможат на децата континуирано следење на образовниот процес и да не се продолжува со бојкотот кој го започнаа денес, земајќи ги децата од настава, особено со почетокот на второто полугодие затоа што имаме задолжително основно образование, а недоаѓањето на училиште е со закон  казниво дело“, информира директор Наташа Танеска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани