Македонските работници имаат убедливо најниски плати во регионот, а Словенија има највисока просечна плата на Балканот – објави агенцијата Анадолија.
Просечната плата во Македонија во октомври изнесувала едвај 382 евра за разлика од 1056 евра колку што во просек земаат работниците во Словенија. Во Хрватска просечната плата изнесувала 796 евра, во Црна Гора 511 евра, во Босна и Херцеговина 436 евра, а и Србите земаат повеќе од Македонците. Таму просекот е 396 евра.
