Издавањето и употребата на педалини ќе се уредува со закон

Педалините и скутерите клучен проблем во езерската пловидба и ова лето. 

Дваесеттина интервенции од страна на спасителите за одвеани педалини од силни бранови и едно удавено момче е епилогот оваа сезона.  Од Капетанија на пристаништа  најавија дека и користењето на овие реквизити за забава конечно ќе се стави во законска рамка.

Ќе  се бараат услови аа издавање педалини  и ќе се  контролира нивната техничка исправност.

– „Не се третираат од страна на законот за внатрешна пловидба исто како што не се третираат велосипедите.  Мегутоа се остава се во однос на свеста и совеста на сите кои ги користат Јас неколку пати изразив  јавна критика до оние кои издаваат педалини и повтоно ќе речам дека  се во очајна состојба. На прагот сме на наоѓање на едно решение“, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа.

Новитете е тоа што издавачот ќе мора да биде подговтен со технички средства за да помогне во случај педалинката да тоне, да има претовар или да залута многу далеку од брегот.

– „Ќе мораме да ги искучиме сите оние кои што се  со оштетени трупови и небезбедни за корисниците, бидејќи  корисници и клиентела на педалините секогаш се јавуваат помлади деца, кои што Капетанијата тешко може да ги идентификува , многу од нив немаат деловна способност се под 18 години се адолесценти тинејџери итн“, додава Устијаноски.

Во Охридското езеро има околу 150 педалини на кои според законот засега задолжитено е да има само спасоносни елеци.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани